Saturday, 28 April 2018

Охрид и Охридско Езеро

Охрид

 
Поглед кон стариот дел од градот
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО.
  

Античка историја

 
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.
По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.

Средновековна историја

Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
Светско наследство на УНЕСКО
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Самоиловата тврдина
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.
Во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.

Потекло на името

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Згради и музеи

 Турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Цркви и манастири

Тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи и музеи

 

Археолошки остатоци

Годишни настани

Инфраструктура

 
 Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга - Кичево - Скопје. Должината на полетно - слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно - слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 1997 - 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40% од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година. Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.
Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501, Охрид-Св. Наум, 29 км. и Р420, Охрид-Струга, 14 км.
Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” – на државната граница со Република Албанија.
Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.
Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал - Охрид и Царински и шпедитерски терминал - Аеродром Охрид.